Љубовта и почитта кон семејството, желбата да се зачува традицијата и да се продолжи дејноста на генерациите пред нас, како и искуството и знаењето што го делат сите во заедницата се нашите главни водилки до успехот. Царева, всушност, е нашата прабаба, најстарата домаќинка во фамилијата каде живееле тројцата браќа со своите жени. Таа не можела да има деца, но се грижела и придонесувала за сите, како за свои деца. Во нејзина чест е крстена дестилеријата.
Долга е традицијата на производство на ракија во нашата фамилија. Дестилација правел уште прадедото со стар казан, не во големи количини, колку за своја душа. Неколку генерации пред нас во континуитет се занимавале и со сточарство, полјоделство и овоштарство. Уште од тоа време се пренесува основното знаење за одгледување здраво и сочно овошје и за превење квалитетна ракија. Резултат на сиот труд и неспорно знаење, како и поврзување на традицијата и иновативноста е токму дестилеријата Царева.
Нашата идеја и цел е да го сочуваме карактерот на зрелото овошје во нашите ракии, како и неговите природни ароми, да ја вметнеме автентичноста на нашиот регион и чувствата на луѓето кои ја создаваат ракијата Царева. Во ограничени количини да се долови и задржи максимален квалитет и уникатен вкус. Ракијата Царева ја гледаме како локален македонски сувенир и бренд со врвен квалитет и етно предзнак.

Поседуваме сопствени овошни насади со сливи, грозје, јаболка, цреши и вишни на површина од околу три хектари, што ни овозможува контрола врз квалитетот и зрелоста на плодот. Ова претставува значајна предност за производство на здрави и целосно зрели плодови – совршена основа за ракија со врвен квалитет. Нашиот приоритет е грижата за насадите, па затоа не користиме хемиски ѓубрива. Наместо тоа, применуваме природни методи, како арско ѓубриво и минерални прихрани, додека затревнатите насади придонесуваат за природно внесување на азот во почвата, клучен за долгорочна продуктивност на овошките.
Плодовите се собираат рачно, во моментот на полна зрелост, што е неопходно за производство на ракија со богата арома. По бербата, овошјето се откостува и пасира, а потоа следува процес на ферментација во контролирани услови. Завршниот чекор е двојната дестилација, со која се добива препечена овошна ракија. Ракијата потоа одлежува во дабови буриња од шест до дванаесет месеци, што придонесува за нејзината комплексност и извонреден вкус.

Селотo Климештани се наоѓа во југозападниот дел на Македонија, во живописниот Охридско-струшки регион, поточно во областа Дебрца. Овој регион е опкружен со величествените падини на планините Славеј, Илинска, Јабланица, Караорман и Галичица. Благодарение на отвореноста кон Охридско-струшкото Поле и близината до Охридското Езеро, регионот има специфична микроклима – пониски годишни температури, иако е еден од најсончевите во земјата.
Комбинацијата на топли, сончеви денови и свежи ноќи создава идеални услови за одгледување овошје со природна киселост, уникатен вкус и богати ароми. Оваа природна хармонија е совршена за производство на природни и биолошки овошни дестилати со висок квалитет. Наша мисија е да го зачуваме и унапредуваме ова природно богатство, притоа создавајќи производи кои ја носат автентичноста на овој регион.

За нас, производството на ракија не е хоби, тоа е наша професија. Затоа со професионален пристап, со спој на традиционалните, докажани техники и современите технологии, како и со постојано надградување, создаваме префинетост и незаменлив вкус со нашите ракии.
За дестилација на ферментираното овошје користиме традиционален казан и вршиме двојна дестилација за да добиеме чист и висококвалитетен дестилат – ракија. Препечената ракија старее во иноксни и дабови барик-буриња, каде што го развива својот уникатен карактер, по што се филтрира и е подготвена да ja збогати вашата трпеза.
Клучот за квалитетна ракија е контролиран процес на одгледување на овошките. За таа цел, поседуваме речиси целосна механизација и користиме природни ѓубрива од сопствена фарма. Дополнително, имаме системи за наводнување „капка по капка“ и користиме вода од реката Сатеска преку канали, што гарантира оптимални услови за раст на овошките и врвен квалитет на финалниот производ