Сочните и ароматични овошја за производство на нашата ракија се собираат рачно, и со многу љубов и огромна посветеност се одгледуваат на сопствените насади на дестилерија Царева. Нашето семејство, Димитриески, сите емоции и искуство ги преточува во овие врвни ракии, во лимитирани количини и гарантира неспоредлив квалитет.
Нашата мисија е да ги прошириме границите на вкусот, да ги промовираме македонските производи, како и нашата скапоцена природа. Со исто толку силна страст се грижиме да ја претставиме македонската ракија на повисоко ниво и да ги задоволиме критериумите на најголемите гурмани и почитувачи на традицијата.
повеќеСочните и ароматични овошја за производство на нашата ракија се собираат рачно, и со многу љубов и огромна посветеност се одгледуваат на сопствените насади на дестилерија Царева. Нашето семејство, Димитриески, сите емоции и искуство ги преточува во овие врвни ракии, во лимитирани количини и гарантира неспоредлив квалитет.
Нашата мисија е да ги прошириме границите на вкусот, да ги промовираме македонските производи, како и нашата скапоцена природа. Со исто толку силна страст се грижиме да ја претставиме македонската ракија на повисоко ниво и да ги задоволиме критериумите на најголемите гурмани и почитувачи на традицијата.
повеќеДестилеријата Царева, во моментов е сеуште во изградба, односно активен е само делот за производство на ракиите. Во тек е дорадбата на дестилеријата, каде во иднина веќе ќе може да ги угостиме нашите посетители, со уникатни, традиционални и домашно подготвени мезиња, исто така од сопствено, домашно производство.
Напорно работиме на остварување на идејата да го развиеме селскиот туризам во ова подрачје со тоа што ќе понудиме и сместувачки капацитети. Покрај неодоливите гурмански вкусови, нашите посетители исто така ќе имаат можност да го почувствуваат мирот и чистиот воздух, како и сите благодети од прекрасната и недопрена природа во овие предели. Сето ова би сакале да го најавиме за следната година, на почеток на летната сезона.